Kонкурс за најдобро дизајнирана дрвена столица

Компанијата Дик Фагус Македонија ги поканува сите млади креативци и дизајнери да учествуваат на конкурсот за избор на најдобро дизајнирана дрвена столица.

Целта на овој конкурс е да се промовираат квалитетните македонски дизајнери локално, но и надвор од Македонија, каде главно ќе се пласираат победничките дизајни.

За првите три најдобри дизајни ќе бидат доделени награди во износ од:

1-во место – 2.000 €
2-ро место – 1.000 €
3-то место – 500 €

Сие ваши предлози испратете ги на нашата е-маил адреса: konkurs@fagus.mk најдоцна до 05.01.2017 год.

За повеќе информации околу производниот процес, обратете се на: proizvodstvo@fagus.mk или на +389 (32) 391 567.